Нема да прскаме против скопјани: Инспектор Томе за Еден на Еден

Актерот Горан Стојановски, познат како инспектор Томе од серијата „Преспав“ вели дека периодот на пандемија добро му дошол да се одмори.

Охридскиот актер, кој многумина сè уште го нарекуваат Џемо Биљбиљ, одмара во неговата викендица близу Охрид.

Горан со колегите Адриан Азири и Дритон Вејсели во Сезона 10 на Еден на Еден

„Веќе подолго време сум овде во викендицата близу Подмоље. Си ја гледам бафчата, си копам, си ловам риба, и по некој крап фаќам. Охридскиот театар не работи, други ангжмани немам, не работам ништо и затоа сум повеќе овде отколку во Охрид“, изјави Горан за Еден на Еден.

За летната сезона во Охрид, тој даде интересна прогноза во свој стил. „Се надевам нема да биде лоша, ќе има луѓе, нема да прскаме против скопјани, хаха“, ни рече инспекторот од „Преспав“. Погледнете еден интересен скеч на Преспавци од Сезона 8 на Еден на Еден, кога во пансионот „упадна инспекција“.