Нови Фчерашни во недела

По две ретроспективни епизоди, оваа недела екипата на „Фчерашни новости“ се враќа со нови сили и со многу нови материјали. Во епизодата 17 последни дознајте:

  • Дознаваме: Како една фабрика во Македонија успеа да постигне 0 емисии на гасови и штетни материи
  • Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла
  • Како помина традиционалното фрлање на крстот?
  • Гордан Калајџиев и Александар Тортевски со дебата за реформите во судството

Новата епизода на „Фчерашни новости“ повторно гледајте ја во подоцен термин. Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“ и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.