Целото интервју со Ана и Раста

Контроверзниот рапер Стефан Ѓуриќ-Раста и неговата поранешна сопруга Ана Николиќ во неделата во „Еден на Еден“, за првпат заедно гостуваа во една телевизиска емисија.

Српските пејачи рекоа дека не гледаат ништо чудно во тоа што иако се разведени, продолжуваат да работат заедно, а на 16 фервуари ќе го имаат првиот заеднички концерт токму во Скопје.

Тие зборуваа за тоа колку српските медиуми претеруваат со написите за нив.

  • Објавија дека имам дете пет дена пред да се породам, што повеќе – вели Николиќ.

Велат, им годи што ги сметаат за српските Бијонсе и Џеј Зи, но им пречи што банкарската сметка не им е иста како нив.

Покрај нивното гостување, во неделната епизода на „Еден на Еден“ се појави и еден непоканет гостин, кој побара од Жаре и Марјан да му ја водат следната кампања.

Оваа недела, не ја пропуштајте новата епизода на најгледаното ток-шоу, во кое овојпат ќе ги гледате актерите од хит-мјузиклот „Мама миа“.