ЗГОДНИ И ХУМАНИ

Девојки и момци, на 22.06. недела во 20 часот ве каниме да дојдете во спортскиот центар Форца. Правиме хуманитарен мини турнир во одбојка на плажа, на кој ќе учествуваат едни од најубавите наши познати девојки, Марјана Станојковска, Власта Ружиновска, Бона Пауновска, Ана Стојановска и многу други.
Жаре и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски ќе бидат судии/коментатори и ќе се потрудат да се барем малку добри како Калински и Дарко Панчев. 🙂
Турнирот е во организација на Гуте Фрухте, одличниот нов сок на нашиот пазар и Црвениот Крст на град Скопје. Ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства, а со настанот ќе започне и седуммесечниот проект на Црвениот Крст поддржан од Гуте Фрухте, “Создаваме заедно”. Преку истиот, меѓу другото ќе се донира и специјална компјутерска опрема за училиштето за слепи и слабовидни лица “Димитар Влахов”.
Ќе има и многу специјални изненадувања за сите вас кои ќе присуствувате на настанот, така што воопшто не размислувајте и дојдете во Форца оваа недела во 20 часот, дружете се со вашите омилени познати личности и секако, бидете хумани!

Натпреваруваци