Жељко Самарџиќ и Кочо Андоновски

Оваа недела директно од Белград за гостувањето во Еден на Еден пристигна Жељко Самарџиќ, човекот кој со само 200 марки во џебот доаѓа во главниот град на Србија, како бегалец од Мостар и се обидува да направи кариера на четириесет години. Погледете ја неговата фасцинатна приказна со хепиенд , а потоа насмејте се со гостувањето на Кочо Андоновски, вистинскиот човек да каже дали 02.02 е празник на хомосексуалците. Овојпат музички гости беа ДНК.
Во оваа епизода повторно уживавме со пародијата на утринските емисии – Утринска лига, а дознавме и зошто на Жаре не треба да му се верува.